
Барселона приреди вистинска фудбалска експлозија и го прегази Олимпијакос со 6-1 на „Монжуик“ во натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите.
Каталонскиот гигант доминираше од првата минута и уште во првото полувреме стекна двојна предност благодарение на двете погодоци на Фермин Лопез. Во вториот дел Барса целосно го докрајчи грчкиот шампион и ја наполни неговата мрежа.
Олимпијакос накратко ја врати надежта со голот од пенал на Ел Кааби, но само неколку минути подоцна остана со играч помалку по исклучувањето на Сантијаго Хезе, што практично ја реши дилемата околу победникот.
Во продолжението двапати погоди Маркус Рашфорд, еднаш Ламин Јамал, а Фермин Лопез со третиот свој погодок во 76. минута го комплетираше хет-трикот, прв во неговата професионална кариера.
Ова беше втора победа на Барселона во тековната сезона од Лигата на шампионите, додека Олимпијакос остана со само еден освоен бод.
Пафос извлече вреден бод (0-0) на гостувањето кај Каират Алмати во Казахстан, иако уште од четвртата минута играше со играч помалку. По ремито, Пафос има два бода, додека Каират го освои првиот бод во своето дебитантско учество во елитните натпреварувања на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
