Connect with us

ЛШ: Галатасарај и Јунајтед ремизираа во Истанбул, ПСВ со пресврт ја освои Севилја (ВИДЕО)

Галатасарај и Манчестер Јунајтед понудија голеада во Истанбул, а на крајот ремизираа 3-3. Англискиот тим имаше предност од 1-3, но Галатасарај успеа да стигне до реми и ги задржа шансите за втората позиција во групата.

Алехандро Гарначо во 11.минута и Бруно Фернандеш во 18.минута обезбедија предност од 0-2 за „ѓаволите“, а Хаким Зијеч во 29.минута погоди од слободен удар.

Скот Мектоминеј во 55.минута постигна трет гол за Манчестер Јунајтед, но Галатасарај израмни со головите на Хаким Зијеч и на Керем Актуркоглу.

ПСВ Ајндховен со пресврт славеше со 2-3 на гости кај Севилја и се проби на второто место во групата. Серхио Рамос донесе водство за Севилја, а Ен Несири зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел. Но, потоа Лукас Окампос доби црвен картон, а тоа ПСВ знаеше да го искористи. Саибари намали, Гудељ си постигна автогол, а Рикардо Пепи во 92.минута се погрижи за голем пресврт и за триумф на ПСВ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови