Европскиот првак Челси се издигна од „,мртвите“ во Мадрид, имаше водство од 0-3 против Реал во 80.минута, но магијата на Лука Модриќ и неверојатната асистенција за Родриго донесоа продолженија, а во нив Карим Бензема уште еднаш ја покажа својата класа и постигна гол за конечни 2-3, со кои „кралскиот клуб“ се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Пред се благодарение на триумфот од 1-3 на „Стемфорд бриџ“ кога Карим Бензема постигна хет-трик.
Мејсон Маунт во 15.минута донесе предност за Челси во 15.минута, Рудигер зголеми на 0-2 на почетокот на второто полувреме, а Тимо Вернер во 75.минута погоди за 0-3. Но, сепак, „кралевите“ се вратија, а на крајот Карим Бензема му пресуди на Челси. Одличен на голот на Реал во клучни моменти беше Тибо Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













