Connect with us

ЛШ: Баерн ќе ги одмори Левандовски и Нојер, а Симеоне се надева дека Суарез нема да е позитивен

Баерн Минхен има простор и за да одмори дел од најдобрите фудбалери на вечерашната пресметка на „Алијанц арена“ против Атлетико Мадрид, со оглед дека досега има перфектен скор и веќе обезбеди пласман во нокаут фазата. Тренерот Ханси Флик им одреди одмор на Роберт Левандовски, Мануел Нојер и на Леон Горецка, кои нема да бидат во составот на актуелниот европски првак.

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, не може да си дозволи таков луксуз, па дури се надева дека денешниот тест на Луос Суарез ќе биде негативен на Covid-19 и дека во последен момент ќе може да им се приклучи на соиграчите на важниот дуел за шпанскиот клуб. Атлетико Мадрид се бори да го задржи второто место на табелата во групата А. Има пет бода, а Локомотив Москва освои три и денеска на домашен терен го пречекува Салцбург. 

За Интер последна шанса можеби да преживее во ЛШ е мечот против лидерот во групата, Борусија Менхенгладбах во Германија. Реал Мадрид исто така има многу проблеми со повредите, а сака да му се одмазди на Шахтјор Доњецк за шокантниот пораз на првиот меч во Мадрид. 

Манчестер Сити му гостува на Порто, Ливерпул на домашен терен ќе го пречека Ајакс, Аталанта има полесна задача на дуелот со Митлијанд.

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови