
Баерн Минхен го победи Манчестер Јунајтед со 4-3 на „Алијанц арена“ и ги зголеми раните на Ерик Тен Хаг. Лирој Сане и Серж Гнабри донесоа предност од 2-0 за Баерн на полувремето, а Хојлунд намали на почетокот на вториот дел.
Хари Кејн од пенал зголеми на 3-1, Кашемиро во финишот врати неизвесност, но Матис Тел погоди за 4-2. Во последните мигови, Кашемиро уште еднаш погоди за конечни 4-3.
Арсенал по подолго време се врати во ЛШ и го декласира ПСВ со 4-0. Букајо Сака го отвори резултатот, а Лук Тросар и Габриел Жесус ги разрешија дилемите уште во првиот дел. Мартин Одегард во 70.минута го постигна последниот погодок за „топчиите“.
Елиф Елмас влезе во игра во 66.минута, а Наполи ја победи Брага на гости со 1-2. Ди Лоренцо пред полувремето постигна гол за водство на Наполи, а Брума израмни во 84.минута. Сепак, Ниакате во 88.минута си постигна автогол за триумф на италијанскиот првак.
Лаутаро Мартинез донесе бод за Интер на гости против Реал Сосиедад, откако Браис Мендез постигна водечки гол за домаќините во четвртата минута.
Салцбург на гости ја победи Бенфика со 0-2, а Севилја и Ленс одиграа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тијаго Мота пред отказ во Јувентус?

Женски фудбал
Фудбалерките убедливо поразени од Косово
