Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно блеска во Лацио под водство на Маурицио Сари. Српскиот играч за врска веќе има седум асистенции, а според италијанските медиуми тој во јануари ќе го напушти Рим.
Беше објавено дека има договор меѓу менаџерот Матеја Кежман и клубот Сергеј Милинковиќ – Савиќ во јануари да се пресели во Јувентус, но Клаудио Лотито тоа го демантира.
„Немаме договор со Кежман да го продадеме Сергеј на Јувентус на зима, ниту со некој друг клуб. Згора на тоа, неговата цена веќе не е 100.000.000, туку сега е 120.000.000 евра. И расте секој месец“, изјави Лотито.
Италијанските медиуми пишуваа дека Сергеј во јануари би требало да се пресели во Јувентус за цена од 60 до 70 милиони евра, но по овие зборови на Лотито тоа изгледа тешко остварливо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













