Connect with us

Лошо е во Ријека, многу повредени, а Велковски доби црвен картон

Ријека загуби на гости кај Шибеник со 2-0, а македонскиот репрезентативец Дарко Велковски го остави тимот на цедило откако доби црвен картон во 40.минута од мечот. Во неколку секунди тој заработи два жолти картони, првиот поради прекршок, а вториот за приговор кон главниот судија, по што беше и исклучен. 

Шибеник победи со головите на Булат и на Сахити, а тренерот на Ријека, Симон Рожман стравува дека нема да има доволен фонд фудбалери за следните мечеви. 

„Дозволивме да бидеме испровоцирани.Три дена им зборував на играчите дека некои едвај чекаат Ријека да потоне. Имаме проблеми и со здравјето, тоа е очигледно. Не знам дали ќе имам доволно фудбалери за следните мечеви, но мора да се игра“, изјави Симон Рожман. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови