Најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ќе отсуствува до крајот на јануари. Ова го соопшти менаџерот Пеп Гвардиола пред натпреварот против Њукасл.
„Да, тој има проблеми и иако генерално е добро, лекарите одлучија дека е подобро да одмори уште малку. Да се надеваме дека на крајот на месецот ќе биде подготвен. Навистина неговото отсуство се покажа дека ќе биде подолго отколку што се очекуваше“, изјави Гвардиола.
На Манчестер Сити му претстојат натпревари против Њукасл и Тотенхем, а на крајот на месецот (31. јануари) „граѓаните“ го пречекуваат Барнли.
Мануел Аканџи исто така е повреден, а и Џон Стоунс сѐ уште не е достапен.
Сепак, Кевин де Бруин се очекува полека да добива минутажа по проблемот со тетивата, операцијата и неколкумесечното отсуство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













