Connect with us

Лош старт на ЛОИ за Андоновски: Американките загубија од Шведска

Женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави доживеа убедлив пораз (0-3) од Шведска во првиот меч од олимпискиот турнир. Селекцијата чиј селектор е македонскиот стратег Влатко Андоновски беше надиграна од Швеѓанките.

Стина Блекстениус беше стрелец на два гола за шведскиот национален тим, а третиот погодок беше дело на Лина Хуртиг.

Американките во групната фаз од олимпискиот турнир ќе играат и против Австралија и против Нов Зеланд.

Advertisement

Facebook

Тимови