Раководството на Севилја пред два дена го отпушти тренерот Хулен Лопетеги поради очајниот старт на сезоната. Сепак, како што стојат работите, Лопетеги нема да мора долго да чека за нов ангажман, пренесуваат британските медиуми.
Се зборува дека шпанскиот стратег, кој своевремено беше тренер на Реал Мадрид и селектор на Шпанија, е пред потпис со Вулверхемптон, англискиот премиерлигаш кој е во потрага по нов менаџер по отказот на Бруно Лаге.
Вулверхемптон ги почна преговорите со Лопетеги и расплетот би требало да биде познат до крајот на викендот.
Од друга страна, неговиот поранешен клуб Севилја веќе го најде наследникот. Тоа е Хорхе Сампаоли, кој во минатото ја водеше Севилја, а последниот ангажман му беше во Олимпик Марсеј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













