Англискиот премиерлигаш Ливерпул е најсериозен кандидат за ангажман на францускиот репрезентативец Адриен Рабио. Тој го заврши својот мандат во Јувентус и како слободен агент ова лето ќе побара нова средина.
Новиот менаџер на „црвените“, Арне Слот, верува дека Рабио може да донесе стабилност и креација во средниот ред на тимот и побара од раководството да го доведе на „Енфилд Роуд“.
Рабио последните пет сезони ги мина во дресот на „старата дама“, каде одигра 157 натпревари и постигна 18 гола, а претходно настапуваше за Пари Сен Жермен. Сега бара нов предизвик и гледа кон Премиер – лигата, иако за него одреден интерес покажува и Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













