Три големи клуба од Премиер – лигата, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, веќе воспоставиле контакт со претставниците на левиот бек на Борнмут, Милош Керкез. Според информациите од Островот, Ливерпул има предност во преговорите, бидејќи играчот изразил желба да игра на „Енфилд“.
Се проценува дека Борнмут би можел да побара околу 50 милиони фунти за 21-годишниот Унгарец, кој оваа сезона се издвојува како еден од најдобрите странични дефанзивци во лигата. Во меѓувреме, Ливерпул го разгледува овој потег како приоритет, особено поради падот на формата на Енди Робертсон, кој добива многу критики.
Истовремено, се појавуваат шпекулации од Италија дека Ливерпул е во разговори и со Лече за трансфер на левиот бек Патрик Доргу. Наводно, „црвените“ подготвиле понуда од околу 40 милиони евра за 20-годишниот дански талент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













