Англискиот премиерлигаш Ливерпул тргнува во офанзива за потписот на крилниот напаѓач на Вест Хем, Мохамед Кудус. Раководството на „црвените“ е подготвено да плати 100 милиони евра за да го реализира овој трансфер.
Кудус имаше одлична сезона за Вест Хем, а конекцијата со Ливерпул е Џон Хеитинга, новиот асистент на Арне Слот, кој му беше тренер на Мохамед Кудус во Ајакс.
„Тој е најдобриот тренер што сум го имал во Ајакс. Освен од аспект на тренингот, исто така го ценам високо во однос на стандардите и вредностите. Лично, би сакал да работам со него подолго“, изјави Кудус за Хеитинга и ги засили шпекулациите дека ова лето ќе направи трансфер на „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













