Connect with us

Ливерпул службено ќе го добие неодиграното дерби со Манчестер Јунајтед?

Фудбалерите на Ливерпул би можеле да излезат како најголеми победници по вчерашните немири предизвикани од навивачите на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ пред дерби натпреварот меѓу двата тима.
Вчерашниот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул беше одложен поради немирите на навивачите на „црвените ѓаволи“ кои првично протестираа пред стадионот, а потоа се пробија на теренот и натпреварот не можеше да се игра. Причина за тоа беше незадоволството на симпатизерите на Јунајтед од сопствениците на клубот.


Семејството Глејзер е на кормилото на Манчестер Јунајтед веќе 16 години, но и покрај успехот на тимот, навивачите не се задоволни од начинот на управување на клубот.

Според правилата на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), Манчестер Јунајтед може да претрпи сериозни последици. Овој натпревар може да му припадне на Ливерпул со службен резултат (0-3), а клубот од „Олд Трафорд“ да загуби дополнителни три бода. Ваквото сценарио би му одговарало и на Манчестер Сити кој во тој случај и официјално би бил шампион, а Ливерпул би добил значителна помош во трката за Лигата на шампионите.

Тимови

Advertisement

Facebook