Фудбалскиот клуб Ливерпул излезе со официјално соопштение во врска со трагичната смрт на напаѓачот Диого Жота, кој синоќа загина во сообраќајна несреќа во Шпанија.
Од „Енфилд“ изразуваат длабока тага и ја нудат целосната поддршка на семејствата и блиските на Диого и неговиот брат Андре, кој исто така го загуби животот во истиот инцидент.
„Фудбалскиот клуб Ливерпул е длабоко потресен од трагичната загуба на Диого Жота. Клубот беше информиран дека 28-годишниот фудбалер починал по сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со својот брат Андре. ФК Ливерпул во моментот нема да дава дополнителни изјави и апелира за почитување на приватноста на семејствата на Диого и Андре, нивните пријатели, соиграчи и клупскиот стручниот штаб, кои ќе се обидат да се справат со оваа неизмерна загуба. Ние ќе продолжиме да обезбедуваме целосна поддршка,“ стои во официјалното соопштение објавено на веб-страницата на Ливерпул.
Liverpool Football Club are devastated by the tragic passing of Diogo Jota.
— Liverpool FC (@LFC) July 3, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













