Заминувањето на Мохамед Салах во Саудиска Арабија повторно е на дневен ред, а во Ливерпул веќе почнуваат да размислуваат за неговиот наследник. „Црвените“ се сериозно заинтересирани за фудбалерот на Реал Сосиедад, 23-годишниот репрезентативец на Јапонија, Такефуша Кубо.
Кубо во 2019 година дојде во Реал Мадрид од Токио како еден од најголемите јапонски таленти во тоа време. Многумина сметаат дека Кубо е еден од најголемите „гревови“ на Реал во последно време бидејќи немаа трпение за одличниот Јапонец.
Сепак, во дресот на Реал не одигра многу, одеше на позајмици во Вилјареал, Хетафе, Мајорка, а вистинскиот пробив го направи летото 2022 година со преминот во Реал Сосиедад.
Во тимот од Сан Себастијан буквално експлодираше, па интересот на Ливерпул и не треба да изненадува. Кубо игра на позицијата крилен напаѓач и на „Енфилд“ го гледаат како идеална замена за Салах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













