
Ливерпул е сериозно заинтересиран за играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш. Бразилецот важи за еден од најдобрите играчи за врска во Премиер – лигата, а неговиот договор со Њукасл има важност уште четири години. Сепак, Јирген Клоп сака да го купи и нема да штеди на финансии. „Црвените“ се подготвени да понудат 85 милиони евра.
Од друга страна, јасно е и дека Њукасл нема лесно да го пушти Бруно Гимараеш да си замине бидејќи клубот е во одлична финансиска состојба.
Бруно Гимараеш пристигна во Њукасл во јануари 2022 година за 42,1 милиони евра од францускиот клуб Лион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
