
Ливерпул донесе одлука за напаѓачот Дарвин Нуњез и нема намера да го продаде во јануари. Во овој момент, од „Енфилд“ не размислуваат за разделба со Уругваецот, и покрај интересот за него во последните недели.
Се шпекулираше дека 25-годишниот напаѓач е посакуван од Милан. Сепак, досега конкретна понуда сè уште не пристигнала во канцелариите на Ливерпул. Дури и да има таква, таа ќе биде одбиена.
Првата причина е тоа што „црвените“ се натпреваруваат на четири фронта и сакаат да располагаат со доволно широк состав. Освен тоа, тие не сакаат да се разделат со толку важен играч без да имаат доволно квалитетна замена, што би било тешко да се обезбеди во јануари.
Дарвин Нуњез е дел од Ливерпул од 2022 година, кога беше доведен од Бенфика за 85 милиони евра.
Оваа сезона тој учествуваше на 23 натпревари во сите конкуренции, од кои на 13 беше стартер. На нив има постигнато четири гола и три асистенции.
Договорот на Уругваецот е до 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal