
Ливерпул подготвува понуда во последен момент за играчот од средниот ред на Брајтон, Моизес Каиседо. Понудата ќе биде вредна 42 милиони фунти, но тешко дека ќе успее бидејќи „галебите“ многу повеќе го вреднуваат талентираниот Еквадорец.
Јирген Клоп сепак ќе се обиде да ангажира нов играч од средниот ред поради кризата со повреди во тој дел од теренот. Германецот во моментов не може да ги користи Тијаго Алкантара, Кертис Џонс, Алекс Окслејд-Чемберлеј и Наби Кеита, кои се надвор од терените со различни повреди. Се шпекулира дека потенцијална цел е и плејмејкерот на Шефилд Јунајтед, Сандер Берге.
Каиседо потпиша за Брајтон во февруари 2021 година од Индепендиенте за 4,5 милиони фунти. Во првата половина од сезоната играше како позајмен во белгискиот Бершот. Сепак, младото момче импресионираше и оттогаш Брајтон загуби само еден од 12-те првенствени натпревари на кои Каиседо беше стартер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
