Ливерпул испрати понуда за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Договорот на 26-годишниот фудбалер истекува за една година и тој одбива да потпише нов со „кралскиот клуб“. Затоа Реал е подготвен да се раздели со него, а „црвените“ се чини дека ја користат ситуацијата за да го земат во своите редови.
Асенсио не е задоволен од тоа што има статус на резерва на „Сантијаго Бернабеу“. Сезонава одигра 31 натпревар во Ла Лига, но на 12 од нив влезе како замена. Ова е и причината поради која сака да си замине.
Сепак, Шпанецот сака да замине во тим каде што ќе игра редовно, а неизвесно е дали Јирген Клоп може да му гарантира такво нешто со оглед на позициите што во тимот ги имаат Мохамед Салах, Диого Жота, Луис Дијаз и Роберто Фирмино.
Ливерпул не е единствениот кандидат за Асенсио. Досега се шпекулираше дека го бара италијанскиот шампион Милан. Покрај тоа, Манчестер Јунајтед и Челси исто така ја следат ситуацијата и можеби ќе наддаваат за неговиот потпис.
Реал Мадрид е подготвен да го пушти Асенсио доколку добие понуда од околу 40 милиони евра. Фудбалерот сака плата од 7 милиони евра годишно во својот нов клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













