
Поранешниот спортски директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс и официјално се врати на „Енфилд“. Веста беше потврдена преку соопштение од „Fenway Sports Group“, компанијата која е сопственик на клубот.
Едвардс (44) всушност станува главен извршен директор на фудбалскиот оддел на компанијата, што значи дека ќе врши многу позначајна улога од претходната работа во Ливерпул, справувајќи се со сите фудбалски операции и ќе биде многу поблиску до сопствениците.
Неговата прва задача ќе биде да назначи нов спортски директор на „Енфилд“, кој најверојатно ќе биде Ричард Хјуз, кој минатата недела ја напушти позицијата технички директор на Борнмут. После тоа двајцата ќе треба да ја најдат најсоодветната замена за менаџерот Јирген Клоп, кој ќе си замине по завршувањето на сезоната.
Спортската групација „Фенвеј“, исто така, има амбиции да купи друг клуб за да го прошири своето портфолио, при што Едвардс ќе го води процесот.
Сопствениците на Ливерпул го поканија Мајкл Едвардс да се врати во клубот веднаш штом Јирген Клоп ја објави својата одлука да си замине на крајот на сезоната. Меѓутоа, во тоа време, идејата беше тој да се врати како спортски директор, што Едвардс го одби.
После тоа, „Fenway Sports Group“ одлучи да му додели уште посериозни обврски, што го убеди 44-годишниот стручњак да се вклучи во проектот.
Инаку, Мајкл Едвардс е човекот кој успеа да ги доведе на „Енфилд“ сегашните ѕвезди, Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк, Алисон Бекер, како и Садио Мане.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
