Ливерпул се вмеша во трансферот во кој Марк Геи треба да го напушти Кристал Палас. Наводно, клубот од „Енфилд“ е заинтересиран за зајакнување на конкуренцијата на стоперските позиции, а 24-годишниот дефанзивец се вклопува во визијата на новиот тренер Арне Слот.
Кристал Палас за овој трансфер ќе бара околу 90 милиони евра. Тој договорно е поврзан со клубот до крајот на јуни 2026 година.
Геи одигра шест од седум натпревари за Англија на ЕВРО 2024 со полна минутажа. Во Кристал Палас овој фудбалер дојде од фудбалската школа на Челси од 2021 година. Одигра 111 натпревари за Палас, постигна два и асистираше за два гола.
За него постои интерес и од Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













