Ливерпул и официјално го ангажираше Рајан Гравенберх од Баерн Минхен, соопштија од клубот. „Црвените“ ќе платат 40 милиони евра, плус уште 5 во вид на бонуси. Договорот на играчот од средниот ред е на пет години.
Тој станува четвртото ново засилување на „црвените“ заедно со Алексис Мекалистер, Доминик Шобошлаи и Ватару Ендо. Играчот од средниот ред ќе го земе дресот со бројот „38“ во својот нов тим.
Холандскиот играч за врска никогаш не успеа да се наметне во тимот на Баерн Минхен по неговиот трансфер од Ајакс за нешто повеќе од 18 милиони евра минатото лето. Тој забележа 33 настапи за Баварците минатата сезона, но одигра само 937 минути.
Introducing our new number 3️⃣8️⃣
— Liverpool FC (@LFC) September 1, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













