Connect with us

Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез

Ливерпул сериозно се приближува кон потпишување на левиот бек на Борнмут, Милош Керкез. Иако имаше шпекулации дека Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира унгарскиот репрезентативец, сепак, Ливерпул е прв фаворит за неговиот потпис, а преговорите се во напредна фаза.

Керкез се смета за идеален наследник на Енди Робертсон, и тоа на долги патеки. Тој има само 21 година, но веќе покажа зрелост и стабилни настапи – стандарден првотимец е на сите натпревари на Борнмут оваа сезона и има одиграно 69 меча и два гола од неговото пристигнување во 2023 година.

Интересно е што сегашниот спортски директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, беше токму човекот кој го донесе Керкез во Борнмут, што само ја олеснува евентуалната зделка.
Борнмут е моментно осми во Премиер – лигата и се бори за историско учество во европските купови, што дополнително го вади на површина Керкез како една од клучните фигури во тој успех.

Тој има договор до 2028 година, но неговата цена, а се споменуваат 45 милиони фунти, не е пречка за Ливерпул, кој е подготвен да инвестира во засилување за иднината.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови