Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска потврди дека Алисон Бекер и Диого жота се здобиле со повреди и дека ќе бидат надвор од терените.
Бразилецот и Португалецот се здобија со повреди на натпреварот против Манчестер Сити, но голманот помина подобро. Алисон ќе биде надвор од терените две до три недели, а Жота веројатно уште малку повеќе.
„Двајцата се надвор од терените. Повредата на Алисон е помала, нема да можеме да сметаме на него оваа и следната недела. Жота ќе мора да паузира уште малку”, изјави Клоп.
Покрај споменатиот тандем, повреден е и Енди Робертсон, кој ќе се врати по Нова година.
Се очекува Алисон Бекер да биде подготвен за дербито со Манчестер Јунајтед на 17 декември, а ќе ги пропушти ЛАСК и Ројан Унион во Лигата на Европа, како и првенствените натпревари против Фулам, Шефилд и против Кристал Палас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













