Главните фаворити за трофејот во Луга Европа, Ливерпул, Баер Леверкузен и Рома стартуваа со победи. Ливерпул на гости го победи ЛАСК со 1-3, иако австрискиот тим поцеде со голот на Флекер во 14.минута. Дарвин Нуњез израмни во 56.минута, а Луис Дијаз и Мохамед Саах се потрудија за пресврт и триумф.
Баер Леверкузен беше убедлив дома против Хакен и славеше со 4-0. Вирц, Адли, Бонифејс и Хофман беа стрелци на головите за „фармацевтите“.
Рома го победи Шериф на гости со 1-2. Паредес погоди пред одморот, а израмни Товар. Сепак, Ромелу Лукаку во 65.минута донесе триумф за „волчицата“.
Рен го победи Макаби Хаифа со 3-0, Славија Прага на гости славеше против Сервет со 0-2, а Панатинаикос го зеде скалпот на Вилјареал со 2-0. Карабах го победи Молде со 1-0, а Ројал Унион и Тулуз ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













