
Сагата околу иднината на Лирој Сане, крилниот напаѓач на Баерн Минхен, се приближува кон својот крај. Според најновите информации, 29-годишниот германски репрезентативец нема да остане во редовите на баварскиот гигант и е на чекор до трансфер во турскиот шампион Галатасарај.
Сане е многу блиску до потпишување на тригодишен договор со истанбулскиот клуб.
Договорот на Сане со Баерн истекува на крајот од месецов, а клубот му понуди продолжување со значително намалена плата – понуда што тој не ја прифати. Наместо тоа, Германецот се подготвува да се пресели во Турција, каде што би заработувал околу 15 милиони евра по сезона – значително повеќе од тоа што Баерн беше подготвен да плати.
Иако беше повикан од Венсан Компани за настап на Светското клупско првенство во САД, не е сигурно дали Сане воопшто ќе заигра на турнирот. Иако имаше најави дека Баерн ќе му понуди краткорочен договор до крајот на натпреварувањето, најновите информации укажуваат дека Сане можеби веќе го одиграл својот последен натпревар за клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal