Португалскиот фудбалски стручњак Пауло Фонсека е назначен за нов тренер на Олимпик Лион, соопшти денеска францускиот клуб. Фонсека потпиша договор со Лион до 30 јуни 2027 година.
Тој го замени Пјер Саж, кој доби отказ пред три дена поради незадоволителни резултати. Фонсека доаѓа во Лион по кратка пауза, откако пред нешто повеќе од еден месец доби отказ од Милан.
Во својата тренерска кариера, португалскиот стратег ги водеше Лил, Рома, Шахтјор, Брага, Порто, Пакос Фереира и Авес.
Фонсека ќе го има своето дебитантско појавување на клупата на Лион во недела, кога тимот ќе се соочи со Олимпик Марсеј во рамките на 20. коло на францускиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













