Фабио Гросо е отпуштен од Лион. Италијанецот го замени Лоран Блан во средината на септември и остана во клубот два и пол месеци. Под водство на Гросо, Лион има една победа на седум натпревари и е на дното на табелата во Лига 1.
Стратегот беше јавно поддржан од сопственикот Џон Текстер минатата недела, откако се појавија гласини за негова замена. Според француските медиуми, Гросо ја загубил соблекувалната откако изоставил некои клучни играчи како Александре Лаказет и Рајан Черки.
Шефот на клупската академија, Пјер Сејж, ќе го води тимот на привремена основа и ќе биде на клупата за претстојниот дуел против Ленс во сабота. Според „RMC Sport“, опции за иден тренер на тимот се Бруно Џенесио, Хорхе Сампаоли и Игор Тудор.
Времето на Гросо во Лион ќе остане запаметено по вандализмот на навивачите на Олимпик Марсеј, кои го удрија тренерот со камен во глава откако го нападнаа тимскиот автобус на крајот на октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













