
Поранешниот англиски репрезентативец Џеси Лингард преживува тешки денови на „Олд Трафорд“. Тој е далеку од тимот на Оле Гунар Солскјер и сака да замине, но клубот најверојатно тоа нема да му го дозволи.
Лингард е многу блиску до трансфер во Вест Хем, пренесуваат медиумите на Островот. Тој оваа сезона не добива шанса во Манчестер Јунајтед и е подготвен да ја промени средината. Влезе во последната година од договорот и сака да замине во потрага по поголема минутажа, но прашање е дали Јунајтед ќе ја отвори вратата за ваков трансфер.
Солскјер сака да има широк ростер на фудбалери во битката за шампионската титула во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
