Франк Лампард доби отказ во Челси по низата лоши резултати, а легендарниот голгетер Гери Линекер, кој сега е фудбалски аналитичар на Премиер – лигата, вели дека никогаш нема да научат во клубот од „Стемфорд бриџ“. Рускиот сопственик Роман Абрамович нмема трпение да ги издржи првите неколку порази на тимот и секогаш страда тренерот. Лампард е десеттиот стратег кој е сменет во ерата на Абрамович.
„Крајно комично е да го смените тренерот по првата серија лоши резултати. Требаше на сите да им биде јасно дека ќе биде потребно време за да се вклопат сите тие засилувања кои беа доведени во еден преоден рок. Трпението веќе не е карактеристика во фудбалот, а во Челси никогаш нема да научат како да работат“, истакна Гери Линекер.
Како најсериозен кандидат за нов менаџер на Челси се најавува Томас Тухел, поранешниот тренер на Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













