
Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт го совлада Вест Хем на гости во Лондон со 1-2 и направи голем чекор напред кон финалето во Лигата на Европа. Можно е германско финале, со оглед дека Лајпциг го совлада Глазгов Ренџерс со 1-0 на домашен терен и има минимална предност.
Ансгар Кнауф уште во првата минута донесе водство за Ајнтрахт, а израмни Микаел Антонио во 40.минута. Сепак, Даиши Камада обезбеди триумф за гостите во 54.минута од мечот.
Лајпциг славеше со 1-0 против Глазгов Ренџерс со голот на Анхелињо во 85.минута од дуелот.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
