Динамо Загреб и вторпат славеше против Краснодар овојпат со 1-0 на „Максимир“ и се пласира во оасминафиналето од Лигата на Европа. Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери во тимот на „модрите“, а стрелец на победникиот гол беше Мислав Оршиќ.
Милан едвај се провлече со Црвена Звезда играјќи 1-1 на „Сан Сиро“, и тоа благодарејќи на ремито (2-2) на гости во Белград. Франк Кеси од пенал донесе водство за Милан во седмата минута, а израмни Ел Фарду Бен во 24.минута.
Црвена Звезда од 70.минута беше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Гобељиќ.
Лестер доживеа шокантна елиминација дома од Славија Прага (0-2), а и Баер Леверкузен е елиминиран од Јанг Бојс (0-2). Манчестер Јунајтед одигра 0-0 против Реал Сосиедад, но оди понатаму поради убедливиот триумф на првиот меч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













