Првата фудбалска лига се враќа на сцена. Клубовите одработија релативно интересен преоден рок и подготовки, а сега е време да покажат што знаат и умеат. Почнува финалната трка за шампионската титула. Шкупи го брани трофејот, но Струга Трим Лум ја брани есенската титула и врвот на табелата. Шкендија ќе ги демне од сенка и ќе се обиде да излезе пред сите.
Струга Трим Лум го доведе Марјан Радески, кој од Пјуник се врати во македонскиот шампионат, но исто така и Бесарт Кривањева и Меџит Незири, како дополнување на составот кој беше најдобар во есенскиот дел од првенството.
Шкупи ја засили одбраната со Дарко Илиески, кој се врати на Чаир, а дојде директно од ривалот Струга Трим Лум.
Шкендија се засили најмногу од сите аспиранти за титулата. Во Тетово се врати Енур Тотре, дојде Методи Максимов од Работнички, а пристигнаа и неколку странци, Едуардо Чинари (Самсунспор), Камер Ќака (Мезеоковежд), Наско Милев (Паневезис), Мустафа Мујезиновиќ (Нови Пазар). Тимот го напуштија Валмир Нафиу (Кошице) и Влатко Стојановски (Септември Софија).
Силекс значително го реновираше тимот оваа зима. Ги доведе Марко Ѓорѓиевски од Академија Пандев, Никола Ристески од Вардар, Хамза Рамани од Победа, како и неколку странци, Александар Катаниќ, Стефан Милосављевиќ, Халил Мухаремовиќ, Томислав Турчин…
Во Академија Пандев пристигна Матеј Цветаноски, во Работнички се врати Кире Маркоски, а Брегалница и Победа ќе имаат нови тренери. Горан Здравков ќе го води штипскиот тим, а Благојче Дамевски го замени Бобан Бабунски на прилепскиот тим.
Почнува вториот дел од првенството во Првата лига…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski