
Одбранбениот играч на Лече, Патрик Доргу, многу веројатно ќе биде првото ново засилување за менаџерот Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед. Двата клуба веќе ги договориле сите детали околу трансферот, кој се очекува секој момент да биде официјално финализиран.
Не е позната точната сума што „црвените ѓаволи“ ќе ја платат за младиот Данец. Според „Газета дело Спорт“, таа ќе изнесува 38 милиони евра, од кои 33 милиони ќе бидат загарантирани, а остатокот ќе биде во форма на бонуси.
Доргу веќе го пакува багажот за да отпатува во Манчестер, каде што ќе ги мине задолжителните медицински прегледи и ќе го потпише договорот со англискиот гигант. Договорот ќе биде на пет години, а неговата плата ќе изнесува околу 1 милион евра по сезона.
Ова ќе биде најскапата продажба во историјата на Лече, со оглед на тоа што сумата е речиси двојно поголема од досегашниот рекорд, кој го држеше Мортен Хјулманд, за кого Спортинг Лисабон плати 19,5 милиони евра во 2023 година.
Во меѓувреме, италијанскиот клуб веќе се пофали со ангажманот на двајца дефанзивци, Данило Веига и Тијаго Габриел, што дополнително ја олесни разделбата со Доргу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
