
Видливиот пад во играта на Роберт Левандовски многу брзо може да доведе до раскол меѓу него и Барселона, тврди „Спорт“. Според каталонското издание, Полјакот веќе го загубил „недопирливиот“ статус. Покрај тоа, претставници на клубот преку посредник стапиле во контакт со агент од Саудиска Арабија со идеја да ја проучат можноста за евентуален трансфер на напаѓачот таму претстојното лето.
Левандовски сезонава има многу нетипични промашувања и има девет гола и пет асистенции. Иако има 35 години, неговиот договор со Барса е до летото 2026 година. Освен тоа, неговата плата во шпанскиот шампион треба да биде зголемена во текот на следната сезона.
Роберт Левандовски минатото лето доби понуда од клуб од Саудиска Арабија, според која требаше да заработи 150 милиони евра од плата, но трансферот е откажан. Барса сепак беше против договорот, но работите може да се променат доколку напаѓачот не влезе во форма во вториот дел од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
