Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се чувствува одлично во клубот и има желба да потпише нов договор за уште две години. 36-годишниот Полјак повторно ја пронајде својата најдобра форма од почетокот на сезоната, а досега постигна 19 голови на 17 натпревари во сите натпреварувања.
Тој е повеќе од среќен во Барса и нема никаква намера да го напушти клубот, дури е подготвен да се обврзе на подолг период, пишува каталонскиот „Спорт“.
Во актуелниот договор на Левандовски, кој истекува летово, има клаузула според која договорот автоматски ќе се продолжи за уште 12 месеци доколку напаѓачот учествува на 50% од натпреварите на тимот во текот на сезоната. Сепак, полскиот голгетер планира да и предложи на управата договорот да не биде само до 2026 година, туку да се продолжи за две години – до 2027 година.
Левандовски пристигна во Барселона од Баерн Минхен во 2022 година. По почетниот период на прилагодување, тој постепено се навикна на средината во клубот и го покажа својот голгетерски инстинкт, со 112 одиграни натпревари, 78 постигнати голови и 19 асистенции за каталонскиот гигант досега.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













