Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, повторно призна дека сè уште не разбира зошто не ја доби „Златната топка“ за 2020 година. Тогаш списанието „Франс Фудбал“ реши да ја откаже наградата поради пандемијата на коронавирусот. Полјакот повторно зборуваше за овој период од својата кариера во подкастот на поранешниот англиски фудбалер, Рио Фердинанд.
Со тимот на Баерн Минхен, Левандовски го подобри рекордот за постигнати голови во Бундес-лигата за сезоната 2020/21, а годините 2020 и 2021 беа најуспешни во неговата професионална кариера.
„Тогаш не разбрав зошто не ми ја доделија наградата и сѐ уште не разбирам. Сите првенства се играа, Лигата на шампионите се играше, и затоа си го поставував прашањето ‘зошто?’. Знам дека понекогаш фудбалот функционира како политиката. Бидејќи кога си во фудбалот, имаш бизнис, а ако имаш бизнис, тогаш си во политиката“, изјави Левандовски.
На прашањето дали би ја прифатил наградата „Златна топка“ четири години подоцна, напаѓачот одговори:
„Секако“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













