
Полскиот интернационалец Роберт Левандовски на лето најверојатно ќе ја напушти Барселона. Иако има договор за уште две сезони, сепак, раководството на клубот не е најзадоволно од неговите игри оваа сезона. Тоа значи и дека е можна разделба, а шпанските медиуми најавуваат вистинска „бомба“.
Левандовски од Барселона би се преселил во Мадрид и би го облекол дресот на Атлетико.
Не е тоа веќе табу тема, Антоан Гризман замина и во двата правци и сега повторно е дел од Атлетико, во минатото и Луис Суарез дојде од Барса во мадридскиот тим, а имаше и спротивни примери, како Арда Туран.
Роберт Левандовски дојде во Барселона летото 2022 година од Баерн Минхен за 45 милиони евра. Минатата сезона беше одличен и даде полн придонес во освојување на трофејот во Ла Лига, но оваа сезона не може да ја пронајде голгетерската форма.
Во овој момент, Жоао Феликс е фудбалерот кој од Атлетико Мадрид игра како позајмен во Барселона, а постигна и гол на дербито (0-3) на „Ванда Метрополитано“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
