
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го сподели своето мислење за работата на тренерот Чави Ернандез во каталонскиот гигант и ја разбира неговата одлука да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
„Кога си тренер или играч на Барселона, притисокот е огромен. Сепак, ова е нормално. Сега тимот е во тежок период бидејќи многу од играчите се млади и очекувањата од нив се големи. Разбирам што значи сето ова за Чави. Тој е поранешен фудбалер на Барса, а сега е тренер на тимот. Од емотивна гледна точка, секако дека му е многу тешко“, изјави Левандовски во интервју за каталонскиот весник „Диарио Спорт“.
„Мораме да се концентрираме на остатокот од сезоната затоа што сѐ уште можеме да постигнеме нешто големо со Чави. Лично сум исклучително мотивиран“, додаде Полјакот.
За сопствената иднина, Лева одговори дека е среќен во Барселона.
„Се чувствувам одлично во Барселона. И на моето семејство му се допаѓа градот и сите сме среќни“.
Левандовски се пресели во Барселона во 2022 година од Баерн Минхен. Неговиот договор е до 2026 година, но се шпекулира дека полскиот напаѓач ќе си замине на лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
