Connect with us

Левандовски ја проби границата од 100 гола во ЛШ и се најде во друштво на Роналдо и на Меси

Роберт Левандовски испиша историја со тоа што стана само третиот фудбалер кој стигнал до бројката од 100 голови во Лигата на шампионите. Полскиот напаѓач ја достигна оваа импресивна граница на вечерашниот натпревар против Брест, каде што погоди од пенал, кој воедно беше негов 14-ти гол во дресот на Барселона во ЛШ.

Со ова достигнување, Левандовски се приклучи на елитното друштво на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Роналдо е лидер со неверојатни 140 голови, додека Меси има постигнато 129 погодоци.

Овој момент го зацврстува местото на Левандовски меѓу најголемите голгетери во историјата на елитното европско натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови