
Лестер ја прекина низата од четири натпревари без победа со фантастичен триумф (4-2) над Манчестер Јунајтед. Тимот на Брендан Роџерс одигра одличен меч, а во финишот комплетно го скрши отпорот на „ѓаволите“. Гринвуд го донедсе Јунајтед во водство, но израмни Тилеманс во 31.минута.
Сојунџу најави пресврт, Маркус Рашфорд израмни на 2-2 во 82.минута, но веќе во следниот напад Џејми Варди постигна прекрасен гол за ново водство. Во судиското продолжение, Дака го постави конечниот резултат.
Манчестер Сити немаше проблеми дома против Барнли и славеше со 2-0. Бернардо Силва во 12. минута го доведе тимот на Пеп Гвардиола во водство, а Кевин де Бруин во 70.минута го потврди триумфот.
Вулверхемптон со голем пресврт славеше против Астон Вила на гости со 2-3, а Саутемптон го совлада Лиса Јунајтед со 1-0, со голот на Армандо Броја во 53.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
