Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, ги негираше шпекулациите за можно заминување на тренерот Маурисио Покетино. Тој има договор и за наредната сезона, но побара од раководството предвремен раскин за да го преземе кормилото на Реал Мадрид.
„Покетино има две години договор со Пари Сен-Жермен. Ние сме среќни поради тоа што тој е наш предводник“, истакна Леонардо.
Реакцијата на управата на ПСЖ доаѓа по бројните шпекулации дека 49-годишниот аргентински фудбалски стручњак ова лето може да замине во Реал Мадрид или повторно да го преземе Тотенхем.
Покетино дојде во ПСЖ во јануари 2021 година и со тимот го освои Купот на Франција, но не успеа да дојде до шампионската титула откако ја загуби битката со Лил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













