
Tренерот на Рома, Жозе Мурињо, минатата недела побара од челниците на клубот да му донесат стопер, а полека станува јасно кого Португалецот сака да види во Рим.
Приоритет на Рома е да го доведе Леонардо Бонучи (36) кој има договор со Унион Берлин.
Бонучи летово со остри зборови си замина од Јувентус, а потоа на општо изненадување потпиша едногодишен договор со бундеслигашот кој оваа сезона беше учесник во Лигата на шампионите.
Унион Берлин и Бонучи не се добра комбинација, славниот Италијанец не е среќен во Германија и прави се што е во негова моќ да го раскине договорот и да се врати во Серија А.
Доколку стане слободен играч, Рома е прва, а во моментов и единствена опција за искусниот дефанзивец.
Бонучи е вистинска легенда на Јувентус, за кого настапуваше во првиот мандат од 2010 до 2017 година, а во вториот од 2018 до 2023 година.
Играше и за Интер, Тревизо, Џенова, Бари и за Милан.
За италијанската репрезентација одигра 121 натпревар и постигна осум гола. Пред две и пол години тој беше еден од најзаслужните што Италија го освои Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
