Connect with us

Лео Меси со нови два гола го „излуде“ Мајами (ВИДЕО)

Лео Меси на секој нареден натпревар сѐ повеќе ги излудува навивачите во Мајами, а Европа жали што фантастичниот фудбалер замина преку Атлантикот.


Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето на Лига купот, натпреварување во кое за трофејот се борат екипи од МЛС и од мексиканското првенство. Повторно херој на Интер беше фантастичниот Лионел Меси, а Интер помина понатаму по подобро изведување на пенали, откако мечот против Далас по 90 минути заврши 4-4.


Интер поведе со прекрасниот гол на Меси во шестата минута на асистенција на Жорди Алба, а потоа следуваше пресврт.


Кињон во 37. и Камунго во 45. минута погодија за Далас, а Веласко во 63. зголеми на 3-1. Со голот на Кремаски во 65. минута, Интер намали на 3-2, а се чинеше дека Интер ќе биде елиминиран по автоголот на Тејлор во 68. минута, со кој Далас отиде на 4-2.


Сепак, со автогол на Фарфан во 80. минута Интер дојде до 4-3, а потоа повторно се појави Лео Меси.


Во 85. минута Меси постигна прекрасен гол од слободен удар за 4-4 и му даде шанса на својот тим да победи преку пеналите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови