Connect with us

Лео Меси најдобар и според ФИФА, заедно со Аитана Бонмати и Пеп Гвардиола

Наградата за најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА (The Best) уште еднаш отиде во рацете на Лионел Меси. Аргентинската ѕвезда победи во конкуренција на Ерлинг Хaланд и Килијан Мбапе. Хaланд важеше за фаворит, а кога беше прогласен победникот, не го криеше незадоволство таткото на Норвежанецот и поранешен фудбалер на Манчестер Сити, Алф-Инге Холанд.


Меси не беше на церемонијата и немаше претставник, а немаше снимено ниту видео обраќање. Лео остана во САД каде се подготвува за новата сезона со Интер Мајами.

На церемонијата во Лондон, Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд беа во трка за титулата „Најдобар играч за 2023 година“. Во предвид се земаат само постигнувањата на играчите во периодот од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година, што значи дека Светското првенство во Катар каде што триумфираше Аргентина нема вредност во гласањето.

Кај жените, Аитана Бонмати беше избрана за број 1. Таа беше дел од репрезентацијата на Шпанија која ја освои светската титула, а со својот клуб Барселона ја освои титулата на Шпанија и трофејот во Лигата на шампионите.

„Не очекував да победам. Им благодарам на сите мои соиграчи, и во Барселона и во репрезентацијата. Верувам дека женскиот фудбал допрва ќе се развива сѐ повеќе и повеќе”, сподели Аитана Бонмати од сцената.

Победниците во сите категории беа одредени со здруженото гласање на капитените и селекторите на репрезентациите, новинарите и навивачите. Секоја од четирите групи сочинуваше по 25 отсто од гласовите.

За најдобар тренер е избран Пеп Гвардиола. Под негово водство Манчестер Сити ја заокружи тројната круна, освојувајќи ја Лигата на шампионите, титулата во Премиер лигата и трофејот во ФА Купот. Шпанскиот стручњак ја заслужи наградата во конкуренција на Лучијано Спалети, кој го предводеше Наполи до титулата во Серија А по пауза од 33 години, и Симоне Инзаги, кој го одведе Интер до првото финале во Лигата на шампионите по 13 години.

Победници во сите категории

Најдобар играч: Лионел Меси (Аргентина, Пари Сен Жермен/Интер Мајами)

Најдобар тренер: Пеп Гвардиола (Манчестер Сити)

Најдобар голман: Едерсон (Бразил, Манчестер Сити)

Најдобар гол: Гилјерме Мадруга (Бразил, Ботафого)

Најдобра фудбалерка: Аитана Бонмати (Шпанија, Барселона)

Најдобар тренер (жени): Сарина Вигман (Англија)

Најдобар голман (жени): Мери Ерпс (Англија, Манчестер Јунајтед)

Идеален тим на годината
голман: Тибо Куртоа
Дефанзивци: Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рубен Дијаш
Среден ред: Бернардо Силва, Џуд Белингам, Кевин Де Бруин
Напаѓад: Лионел Меси, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови