Connect with us

Ленгле дојде на позајмица во Астон Вила

Астон Вила го објави потписот на дефанзивецот на Барселона, Клемент Ленглe, на едногодишна позајмица. Англичаните ќе плаќаат 75% од платата на 28-годишниот француски дефанзивец, а нема да има опција за трајно купување.


Французинот има искуство во Премиер – лигата, откако минатата сезона играше како позајмен во Тотенхем каде забележа 35 настапи, постигнувајќи еден гол и две асистенции.

Ленгле има 160 настапи и 7 гола за Барселона, а претходно играше и за Нанси и за Севилја.

„Многу сум возбуден што сум овде. За мене беше важно да одам во тим кој има добар и важен менаџер како Унаи Емери. Играв против Астон Вила минатата сезона со Тотенхем и беше навистина тешко. Ќе се обидам да донесам позитивност, мојата насмевка и напорна работа бидејќи мислам дека можам да му помогнам на тимот во тој поглед“, изјави Ленгле.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови