
Англискиот премиерлигаш Тотенхем ја оствари и втората победа во Лига Европа, откако го совлада Ференцварош на гости со 1-2. Папе Сар во 23.минута донесе предност, а Бренан Џонсон со 86.минута зголеми на 0-2. Барнабас Варга во 90.минута постигна погодок за Ференцварош, но триумфот му припадна на Тотенхем.
Лацио ја победи Ница со 4-1. Педро и Кастелјанос постигнаа два гола за половина час, а Жереми Бога намали во 41.минута.
Кастелјанос постигна трет гол за Лацио, а Закањи од пенал го постави конечниот резултат.
Олимпијакос ја победи Брага со 3-0. Ел Кааби беше двоен стрелец, а Сантијаго Хеце му се придружи со уште еден погодок.
Малме го совлада Карабах на гости со 1-2, а Андерлехт го изненади Реал Сосиедад и славеше со 1-2.
РФС ремизираше на домашен терен (2-2) против Галатасарај, а Славија Прага и Ајакс одиграа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski