Италијанскиот калчолигаш Рома го продолжува патот во Лигата на Европа откако по голема драма успеа да го елиминира Феенорд по подобро изведување пенали (4-2). Херој на „волчицата“ беше голманот Миле Свилар кој успеа да одбрани два удари од белата точка на холандскиот тим.

Во регуларниот тек, мечот заврши 1-1, идентично како и на првиот дуел во Холандија.
Сантијаго Хименез во петтата минута го доведе Феенорд во водство, но експресно израмни Лоренцо Пелегрини.
Немаше разврска по 90 минути, ниту по продолженијата, па решаваа пеналите. Прв промаши Ромелу Лукаку, но потоа Миле Свилар ги одбрани ударите на Ханко и Јахабанкш и ја испрати Рома во осминафиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













