Англискиот премиерлигаш Брајтон во третиот обид од Лигата на Европа успеа да стигне до првата европска победа. На домашен терен го победи Ајакс со 2-0. Првиот гол беше дело на Жоао Педро во 42.минута, а вториот го постигна Ансу Фати во 53.минута.
Ливерпул беше убедлив против Тулуз и славеше со 5-1. Диого Жота ја отвори серијата во деветтата минута, а израмни Далинга. Но, потоа следеа уште четири гола на „црвените“. Ендо ја врати предноста, Дарвин Нуњез зголеми на 3-1, а во вториот дел погодија и Гравенберх и Салах.
Баер Леверкузен исто така со 5-1 го победи Карабах. Алекс Грималдо беше двоен стрелец, а листата ја дополнија и Вирц, Бонифејс и Тапсоба.
Рома ја победи Славија Прага со 2-0. Едоардо Бове и Ромелу Лукаку беа стрелци за италијанскиот тим.
Рен го победи Панатинаикос на гости со 1-2, Унион Сент Жил славеше против ЛАСК со 2-1, а Шериф и Сервет одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













